Emre Aşıkçı
09 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Џенаро Гатузо е назначен за нов тренер на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„ФК Валенсија постигна договор со Џенаро Гатузо кој ќе биде тренер на Валенсија во следните две сезони до 30 јуни 2024 година“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.
Откако се пензионира од играњето фудбал, Гатузо во 2013 година ја започна својата кариера како тренер.
Тој ја вршеше функцијата тренер на италијанските клубови Милан и Наполи, додека во 2020 година со Наполи го освои Фудбалскиот куп на Италија.
Исто така, 44-годишниот Гатузо како фудбалер беше дел од италијанската репрезентација кога го освои Светското првенство во фудбал во 2006 година.
Гатузо со дресот на Милан освои различни трофеи за време на неговата фудбалска кариера.