спорт

Двајца Македонци меѓу победниците на полумаратонот во Белград

Македонецот Дарио Ивановски прв пристигна на целта во полумаратонската трка во машка конкуренција со време од 1:08:03

Bojana Stojanovic  | 21.04.2018 - Обновена : 23.04.2018
Двајца Македонци меѓу победниците на полумаратонот во Белград Miloš Miškov/AA

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Српските атлетичари Нора Тркља и Кристијан Стошиќ се победници на 31. Белградски маратон, додека во Полумаратонот најдобри беа Матеја Матошевиќ од Хрватска и Дарио Ивановски од Македонија, јавува Anadolu agency (AA).

Српската атлетичарка Тркља го истрча Маратонот (42,195 километри) за 3:08:46, додека Стошиќ постигна време од 2:45:23, со што стана првиот српски атлетичар кој извојувал победа од 2009 година досега.

Второто место во женска конкуренција го зазеде Кендис Хол од Јужна Африка со резултат 3:15:09, а трета на целта стигна српската атлетичарка Билјана Бурсаќ, која зад Хол заостана 19 секунди.

Во машка конкуренција, второто место го зазеде српскиот атлетичар Милош Дајевиќ со 2:51:34, додека трет на целта пристигна српскиот атлетичар Ненад Милосављевиќ со време 2:51:38.

Хрватската атлетичарка Матеја Матошевиќ и Македонецот Дарио Ивановски се победници на полумаратонската трка (21,1 километар) на денешниот 31. Белградски маратон.

Матошевиќ победи со резултат 1:18:47. Второпласирана е Луциа Кимани од БиХ со време 1:21:04, додека третопласирана е натпреварувачката Невена Јовановиќ со време од 1:22:36.

Македонецот Дарио Ивановски прв пристигна на целта во полумаратонската трка во машка конкуренција. Ивановски, член на атлетскиот клуб „Работнички“ од Скопје, постигна време од 1:08:03.

По него пристигна Милош Сегеди од Србија со време 1:12:33, додека Македонецот Милош Ранчиќ е третопласиран со време 1:12:41.

На денешната манифестација учествуваа повеќе од 7.000 учесници од 70 земји, а околу 20.000 учествуваа во Трката на задоволство (трка на 5 километри).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.