Hüseyin Burak Demirer
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Денес на програмата се полуфиналните реванш-натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Со натпреварите што ќе се одиграат денес и утре, 2 мај, ќе бидат одредени фудбалските клубови кои ќе се пласираат во финалето на најзначајниот турнир на европскиот фудбал на ниво на клубови.
Шпанскиот клуб Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека германскиот клуб Баерн Минхен, кого на првиот меч го совлада со резултат 2:1. Натпреварот ќе го суди турскиот судија Џунејт Чакир.
Италијанската екипа Рома на домашен терен, на Олимпискиот стадион во Рим, ќе го пречека англискиот клуб Ливерпул, од кого во првиот дуел беше поразен со резултат 5:2.
Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА ќе се одигра на 26 мај во украинскиот главен град Киев.