Husamedin Gina
27 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) – Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), екипата на Динамо Загреб славеше со 1:0 во реваншот против Шкупи и со вкупни 3:2 обезбеди место во следното коло, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хрватскиот шампион Динамо Загреб на Арената „Тодор Проески“ во Скопје каде што се играше натпреварот, победи со голот на репрезентативецот на Северна Македонија, Аријан Адеми, по само две минути игра во вториот дел.

Адеми погоди во 47. минута, во натпреварот во кој двете екипи имаа свои шанси да постигнат гол.
Динамо Загреб со вкупни 3:2 оди во следното квалификациско коло, поради победата во Скопје со еден гол. Првиот натпревар во Загреб заврши со нерешен резултат 2:2.
Шкупи по елиминацијата од Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се натпреварува во третото коло во квалификациите за Лигата на Европа. Противник е екипата на Шамрок од Ирска. Првиот натпревар е на програмата на 4 август, а реваншот во Скопје е седум дена подоцна.