Yunus Kaymaz
27 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јужнокорејскиот фудбалер и член на турскиот прволигаш Фенербахче, Ким Мин-Џае, преминува во италијанскиот Наполи во трансфер вреден 18 милиони евра, потврдено е од Фенербахче, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Постигнат е договор помеѓу страните за трансфер на нашиот професионален фудбалер Ким Мин Џае во италијанскиот клуб Наполи за износ од 18.050.000 евра“, наведоа од Фенербахче.
Дваесет и петгодишниот централен бек, кој Фенербахче минатата година го купи од кинескиот Беиџинг Гуоан, одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна еден погодок.
Наполи, исто така, на својата веб-страница го потврди трансферот, а претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, на својот профил на социјалните мрежи ја сподели фотографијата на Ким Мин-Џае како потпишува договор, при што додаде: „Добре дојде, Мин Џае“.
Во медиумите е објавено дека договорот со Наполи е потпишан на 3+2 години со клаузула за обесштетување од 45 милиони евра.