23 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Актуелниот светски првак во Формула 1 (Ф1), Макс Верстапен (Ред Бул), го оствари најбрзиот пласман на третиот слободен тренинг денес за Големата награда на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Холанѓанецот заврши на првото место со време од 1:32.272, три десетинки побрзо од најбрзото време на второпласираниот Карлос Саинц (Ферари).
На трето место на тренингот заврши Шарлс Леклер (Ферари) со шест десетинки заостанување, додека четвртопласиран беше Луис Хамилтон (Мерцедес).
Со трката во Франција, што ќе се вози утре (24 јули) на патеката Пол Рикар, Формула 1 влегува во вториот дел од сезоната.