Mutlu Demirtaştan
05 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) им ја додели наградата „Атлетичар/ка на годината“ на Елиуд Кипчоге во машка категорија и на Катерине Ибаргуен во женска категорија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Асоцијацијата, Кениецот Кипчоге ја заслужил оваа престижна награда за атлетичар на годината во машка конкуренција благодарение на својот резултат од 2 часа 01 минута и 39 секунди (2.01.39) на маратонот во Берлин, со што го урна светскиот рекорд.
Кипчоге (34) по првпат во својата кариера ја освојува оваа титула, а зад себе ги остави Швеѓанецот Арманд Дуплантис, Американецот Кристијан Кулман, Катарецот Абдерахман Самба и Французинот Кевин Мајер.
Во женска конкуренција, наградата на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) по првпат ѝ е доделена на Колумбијката Катерине Ибаргуен (34), која годинава стана шампионка во Континенталниот куп, Дијамантската лига и Шампионатот на Централна Америка и Кариби.
Во конкуренција за најдобра атлетичарка се наоѓаа и Британката Дина Ешер-Смит, Кенијката Беатрис Чепкоеч, Белгијката Нафисату Тијам и Шони Милер Уибо од Бахами.