Elvir Hocic
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Главниот град на Етиопија, Адис Абеба, денес е домаќин на најмасовната африканска улична трка на која учествуваат 44.000 атлетичари и рекреативци, јавува Anadolu Agency (AA).
И оваа година Големата трка на Етиопија (Great Ethiopian Run) собра елитни спортисти и илјадници рекреативци кои трчаа на патеката долга десет километри низ средиштето на главниот град и буквално го обоија во бои на етиопското знаме (зелено-жолто-црвено).
Станува збор за најмасовната трка во Африка и петта најголема трка во светот која се одржува веќе 15 години по ред. Првата трка во 2001 година ја организираше легендарниот атлетичар Хаиле Гебрселасије.
Целта на организаторот е да промовира масовно вклучување во спортот, посебно во атлетиката. Во изминатите 16 години во различни делови на Етиопија се одржаа повеќе од 100 трки.