Berad Büyük
22 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е на пат да стане вториот фудбалер во историјата кој заработил милијарда долари во кариерата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на магазинот „Форбс“, вкупната заработка на Меси ќе достигне една милијарда американски долари доколку сезоната 2020-2021 година ја заврши во шпанскиот тим Барселона.
По Кристијано Роналдо, чии приходи минатата сезона достигнаа една милијарда американски долари, Меси ќе биде втор фудбалер и четврти спортист кој ќе оствари толкава заработка.
Покрај Роналдо, играчот на голф Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер се спортисти чии приходи достигнаа една милијарда долари.