Dejan Maksimoviç
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, денес ја доби рекордната петта „Златна копачка“ на Европа, признание кое се доделува на најдобриот стрелец во сите европски национални првенства, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со петтиот триумф, Меси зад себе го остави најголемиот ривал Кристијано Роналдо, кој Златната копачка ја има добиени четири пати.
Минатата сезона Меси постигна 35 гола и ја предводеше Барселона до титулата шампион на Шпанија. Втор на листата на европски стрелци беше Египќанецот Мухамед Салах, кој во дресот на Ливерпул во Премиер лигата постигна 32 гола.
Меси „Златната копачка“ ја освојуваше во сезоните 2009/10 со 34 гола, 2011/12 со 50, 2012/13 со 46 и 2016/17 со 37 гола. Овој Аргентинец е најдобар стрелец во историјата на Барселона со 572 погодоци и 655 натревари.
„Златна копачка“ ја доделуваат Европските спортски медиуми (ESM) - Здружение на европските спортски новинари и магазини.