Dejan Maksimoviç
28 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
МАНЧЕСТЕР (AA) - Жозе Мурињо, менаџер на Манчестер Јунајтед, изјави дека младиот француски фудбалер Ентони Мартиал дека ќе заслужи да почне натпревар во Премиер лигата, доколку во недела се докаже против Виган во ФА Купот, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако беше незадоволен со неговиот настап против Ливерпул, Мурињо го изостави французинот Мартиал од екипата минатиот викенд во реми со Стоук, а потоа во реванш од полуфиналето против Хул. Британските новинари ги интересираше како Мартиал реагираше на тоа.
„Не знам, не разговарам со играчите како го прифаќаат тоа. Мартиал ќе игра во недела против Виган и доколку биде величенствен, ќе биде во страрната постава во наредниот премиерлигашки натпревар против Хул. Тоа е едноставно", вели Мурињо.
Манчестер во текот на неделата го доживеа првиот пораз откако одигра без пораз 17 натпревари. Сепак, поразот од Хул со резултат 1:2 не чинеше многу, бидејќи тимот на Мурињо благодарејќи на победата во првиот натпревар со 2:0 се пласираше во финалето на Лига купот. Таму на 26 февруари на Вембли ќе ги чека Саутемптон. Во недела во четвртото коло од ФА купот Јунајтед ќе игра со Виган.