ИСТАНБУЛ (АА)
Во четири од петте најдобри лиги на Европа, Германија, Франција, Англија, Шпанија и Италија, најдобрите стрелци во сезоната потекнуваат од тимовите што ја освоија шампионската титула, пишува Анадолу.
Сезоната со титула најдобар стрелец ја крунисаа Килијан Мбапе од Париз Сен Жермен, Франција (Лига 1), Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, Англија (Премиер лига), Роберт Левандовски од Барселона, Шпанија (Ла Лига) и Виктор Осимхен од Наполи, Италија (Серија А).
Во Германија, каде што Баерн Минхен ја освои шампионската титула, Никлас Фулкруг од Вердер Бремен и Кристофер Нкунку од Лајпциг се најдобри стрелци во Бундеслигата.

- Мбапе петти пат најдобар стрелец
Килијан Мбапе, златното момче на францускиот фудбал што ги брани боите на ПСЖ, повторно е најдобар стрелец на Лига 1.
Мбапе, кој одигра 34 натпревари изминатата сезона, е најдобар стрелец во француската Прва фудбалска лига (Лига 1) со 29 гола.
Мбапе петти пат ја продолжи серијата најдобар стрелец што ја започна во сезоната 2018-2019 година.
Во Лига 1, Александре Лаказет од Олимпик Лион се најде зад Мбапе во трката за најдобар стрелец за сезоната 2022-2023 со постигнати 27 гола, додека Џонатан Дејвид од Лил е на трето место со 24 постигнати погодоци.
- Халанд е најдобар стрелец и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите
„Гол-машината“ на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше најдобар стрелец и во англиската Премиер лига и во Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2022-2023.
Норвешкиот фудбалер, кој постигна 36 погодоци на 35 натпревари во Премиер лигата, се најде на прво место на листата на најдобри стрелци, оставајќи го зад себе најблискиот ривал, Хари Кејн од Тотенхем, кој оваа сезона постигна 30 гола. Со овој настап Халанд го собори и рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во англиската Премиер лига, кој досега го делеа Енди Кол (во сезоната 1993-1994) и Алан Ширер (во сезоната 1994-1995) со по 34 постигнати гола. Младиот фудбалер ја доби и наградата „Златна копачка“ што му се доделува на најдобриот стрелец на европските лиги.
Халанд, кој го носи дресот на Манчестер Сити, кој оваа сезона првпат ја освои шампионската титула во Премиер лигата, успеа да стане најдобар стрелец во Лигата на шампионите постигнувајќи 12 гола на 13 натпревари.
- Левандовски е голгетер во шпанската Ла Лига
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски, кој ги брани боите на Барселона, во својата прва сезона во шпанската прва фудбалска лига (Ла Лига), успеа да ја освои титулата голгетер на Шпанија откако во периодот додека настапуваше за германскиот Баерн Минхен седумпати ја освојуваше титулата најдобар стрелец на германската Бундеслига.
Левандовски, кој со каталонскиот тим постигна 23 гола на 34 натпревари во Примера, во борбата за најдобар стрелец го надмина Карим Бензема од Реал Мадрид, кој оваа сезона постигна 19 гола за својот тим.
Левандовски, едно од првите имиња што ви паѓа на ум кога се споменуваат голови во фудбалот, стана прв фудбалер што во шест последователни сезони е најдобар стрелец во петте големи европски лиги.
- „Маскираниот напаѓач“ Осимхен ја доживеа најуспешната сезона во кариерата
Нигерискиот напаѓач во редовите на Наполи, Виктор Осимхен, стигна до титулата најдобар стрелец затресувајќи ги противничките мрежи 26 пати на 32 натпревара во италијанската 1. фудбалска лига (Серија А), каде што ја одигра својата најуспешна сезона во кариерата.
Осимхен, кој со својата црна маска што ја носеше на натпреварите стана симбол на Неапол, со перформаност што го прикажа во своите настапи ја исплати инвестицијата што неговиот клуб ја направи во него.
Трансферот на Осимхен, кој заедно со бонусите чинеше околу 80 милиони евра и во тој период со титула најскап африкански фудбалер, по трансферот од Лил, во последните три сезони во Серија А постигна 10, 14 и 26 гола последователно по сезона.
Осимхен се најде на прво место на голгетери во Серија А, пред Лаутаро Мартинез од Интер, кој постигна 21 гол оваа сезона.
- Фулкруг и Нкунку ја делат титулата голгетер во Бундеслигата
Во германската 1. фудбалска лига (Бундеслига), Никлас Фулкруг од Вердер Бремен и Кристофер Нкунку од Лајпциг се најдобри стрелци во лигата со по 16 гола.
Французинот Нкунку, кој во сезоната 2021-2022 се најде во најдобриот тим на Бундеслигата и беше избран за најдобар фудбалер, оваа сезона во своите успеси ја додаде и титулата најдобар стрелец.
Фулкруг, доцна откриениот 30-годишен напаѓач на германскиот фудбал, кој со своите погодоци во сезоната 2021-2022 го внесе клубот во Бундеслигата, оваа година прикажа одлични перформанси и постигнати голови и успеа да го задржи својот тим во лигата.
За разлика од другите големи фудбалски лиги, оваа сезона голегерот на Германија не потекнува од шампионскиот тим. Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, шампион на Германија, е Серж Гнабри со постигнати 14 гола и се најде на листата на најдобри стрелци на Бундеслигата зад Фулкруг и Нкунку.