Mutlu Demirtaştan
21 Јуни 2023•Ажурирај: 22 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад го потврди трансферот на францускиот фудбалер Н'Голо Канте, кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Челзи, пренесува Анадолу.
Саудискиот клуб соопшти дека е постигнат договор со 32-годишниот Канте, чиј договор со Челзи истекува.
Меѓународните медиуми тврдат дека Канте во текот на 3-годишниот договор ќе добие плата од вкупно 100 милиони евра.
Канте во 2016 година имаше трансфер од Лестер сити во Челзи.
Тој со дресот на Челзи освои шампионат во Премиер лигата, Лигата на шампиони на УЕФА, Лига Европа на УЕФА, Супер купот на УЕФА, ФА Купот, и Светското првенство во клубови на ФИФА.
Канте со дресот на француската репрезентација го освои Светското првенство на ФИФА во 2018 година и Лигата на нации на УЕФА во 2020-2021 сезона.
Со дресот на Челзи, Канте одигра 269 натпревари и постигна 13 погодоци.