Selçuk Buğra Gökalp
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Одложени се најмалку два натпревари на тимот на Чикаго Булс во американската национална кошаркарска лига (НБА) поради големиот број на играчи и помошен персонал заразени со коронавирус, известува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот што утрово требаше да се одигра против екипата на Детроит Пистонс и натпреварот закажан за четврток против Торонто Репторс се одложени, соопшти администрацијата на Чикаго Булс на својата официјална интернет страница.
Во екипата на Чикаго Булс во моментов 10 играчи се „влезени во протоколи“, заедно со други членови на персоналот.