Gülşen Topçu
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
КАИРО (АА) - Египетскиот фудбалски коментатор и поранешен играч на клубот Замалек Спортинг Клуб, Абдурахим Мухамед, по голот што Саудиска Арабија го постигна во последната минута од натпреварот против Египет, доживеа срцев удар и почина, јавува Anadolu Agency (AA).
Усаме Бехнеси, претседател на специјалните ТВ-канали при државната телевизија, за медиумите изјави дека Мухамед кој го коментирал натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Египет на телевизискиот канал „Ен Нил“ (En-Nil) во рамките на групата А на Светското фудбалско првенство Русија 2018, многу се возбудил по вториот постигнат погодок на С. Арабија и доживеал срцев удар.
Во медиумите се наведува дека Абдурахим Мухамед по вториот гол на Саудиска Арабија доживеал срцев удар. Коментаторот е префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.
На Светското фудбалско првенство што се одржува во Русија, во рамките на групата А, Саудиска Арабија со голот во последната минута успеа да го совлада Египет со 2:1.