Mutlu Demirtaştan
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 што се одржува во Русија, на 12. ден се одиграа последните натпревари во групната фаза во групите А и Б, пишува Anadolu Agency (AA).
Во 12. ден од Првенството се одиграа 4 натпревари. Во групата А се сретнаа Уругвај - Русија и Саудиска Арабија - Египет.

Уругвај успеа да ја совлада Русија со резултат 3:0. Првиот погодок за Уругвај го постигна Луис Суарез. Водството беше зголемено на 2:0, по автоголот на Дениз Черишев, а конечните 3:0 ги постави Единсон Кавани.
Фернандо Муслера против Русија го одигра својот 100. натпревар за уругвајската репрезентација, со што стана уругвајски играч кој најмногу пати го носел репрезентативниот дрес на светските првенства.
Во вториот натпревар од групата, Саудиска Арабија го совлада Египет со 2:1, постигнувајќи погодок во последната минута од натпреварот. Погодоците за Саудиска Арабија ги постигнаа Селман ал Фараж и Салем ал Давсари, додека единствениот погодок за Египет го постигна голгетерот Мухамед Салах.
Египетскиот голман Есам ал Хадари, на возраст од 45 години и 161 ден, излегувајќи на теренот против Саудиска Арабија, стана најстариот играч кој настапил на едно светско првенство.
Во групата А, Уругвај со освоени 9 поени и Русија со 6 поени се репрезентации кои продолжуваат во осминафиналето на СП Русија 2018.
- Шпанија лидер, Португалија второпласирана -
Во групата Б, Шпанија - Мароко одиграаа нерешено, 2:2. И вториот натпревар меѓу Иран - Португалија заврши нерешено, 1:1.
Иако на двапати беше во негатива, репрезентацијата на Шпанија успеа да се избори за нерешен резултат со погодоците на Иско и Јаго Аспас. Погодоците за Мароко ги постигнаа Халид Бутаиб и Јусеф Ен Несири. По досудениот офсајд на погодокот што го постигна Аспас, бладогарение на системот ВАР (видеопомошник-судија), погодокот беше признаен за регуларен.
Во натпреварот меѓу Иран и Португалија, Рикардо Куарежма со убав погодок ја доведе репрезентцијата на Португалија во водство од 1:0. По фаулот врз Кристијано Роналдо во шеснаесетникот, благодарение на системот ВАР беше досуден удар од белата точка, но Роналдо не успеа да постигне погодок. Во судското продолжение на натпреварот, по прегледувањето на снимката со системот ВАР, беше досуден удар од 11 метри за репрезентацијата на Иран, кој Карим Ансарифард успеа да го претвори во погодок.
По овие резултати, и Шпанија и Португалија се пласираа во осминафиналето на СП ФИФА 2018. И двете репрезентации имаат ист број поени и гол разлика, а во меѓусебниот дуел одиграа нерешено. Благодарение на тоа што Шпанија постигна 6 погодоци, а Португалија 5, Шпанија е првопласирана во групата, додека Португалија е второпласирана.
- Рекорден број удари од белата точка -
Со двата удари од белата точка на натпреварот меѓу Иран и Португалија, урнат е рекордот на удари од 11 метри на светските првенства.
Зголемениот број удари од 11 метри на светските првенства се должи на воведениот систем ВАР.
Во досегашните натпревари на Светското првенство ФИФА 2018 досудени се 20 удари од белата точка, и овој број ги надмина првенствата во 1990, 1998 и 2002 година, кога беа досудени по 18 удари од 11 метри.
- Табели -
Група А:
| Репрезентација | Н | П | Н | П | П | П | Р | Поени |
|---|
| Уругвај | 3 | 3 | 0 | 0 | 5 | 0 | +5 | 9 |
| Русија | 3 | 2 | 0 | 1 | 8 | 4 | +4 | 6 |
| С. Арабија | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | -5 | 3 |
| Египет | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 6 | -4 | 0 |
Група Б:
| Репрезентација | Н | П | Н | П | П | П | Р | Поени |
|---|
| Шпанија | 3 | 1 | 2 | 0 | 6 | 5 | +1 | 5 |
| Португалија | 3 | 1 | 2 | 0 | 5 | 4 | +1 | 5 |
| Иран | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
| Мароко | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 4 | -2 | 1 |
- Натпревари од осминафиналето на ФИФА 2018 -
Со завршувањето на натпреварите од групната фаза, познати се првопласираните екипите во групите А и Б.
Според шемата А1-Б2 и А2-Б1, во осминафиналето на Светското првенство, на 30 јуни ќе се сретнат репрезентациите на Уругвај и Португалија. За 1 јули закажан е натпреварот меѓу Шпанија и Русија.
- Програмата за денес -
Денеска, 26 јуни, вторник, на програмата се последните 4 натпревари од групите Ц и Д.
Група Ц:
16:00 Австралија - Перу (Стадион „Фишт“ - Сочи)
16:00 Данска - Франција (Стадион „Лужинки“ - Москва)
Група Д:
20:00 Нигерија - Аргентина (Стадион „Санкт Петербург“ - Санкт Петербург)
20:00 Исланд - Хрватска (Стадион „Ростов“ - Ростов на Дон)
