спорт

Олимписката шампионка Линдзи Вон се враќа од пензија за да се приклучи на скијачкиот тим на САД

- Линдзи Вон (40) се приклучува на американскиот скијачки тим во обид повторно да се натпреварува

Associated Press  | 14.11.2024 - Обновена : 14.11.2024
Олимписката шампионка Линдзи Вон се враќа од пензија за да се приклучи на скијачкиот тим на САД

ПАРК СИТИ (АА) - Линдзи Вон (40) се враќа од пензија за повторно да се приклучи на американскиот скијачки тим и да се натпреварува шест години по нејзината последна Олимпијада, известува Анадолу.

Вон е трикратна освојувачка на олимписки медали, вклучувајќи злато во спуст и бронза во супер-G на Игрите во Ванкувер во 2010 година и бронза во спуст на Игрите во Пјонгчанг 2018 година. Светскиот куп го освои четири пати и има осум медали на светските првенства.

Последното натпреварување на Вон беше во февруари 2019 година, по серијата повреди во текот на нејзината кариера, која беше обележана со скршеници на раце, нозе, потрес на мозокот, скинати лигаменти и др.

Токму овој април таа имаше операција на коленото, што не ја спречи во намерата да му се врати на скијањето.

„Враќањето на скијањето без болка беше неверојатно патување“, рече Вон, додавајќи дека сака да продолжи да го споделува своето знаење за спортот со неверојатните жени во тимот на САД.

Претседателката и извршен директор на САД за скијање и сноуборд, Софи Голдшмит, рече дека се инспиративни посветеноста и страста на Вон кон алпското скијање.

Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Италија во февруари 2026 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.