Doga Kirmizioglu
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
РИО ДЕ ЖAНЕИРО (АА) - Anadolu Agency утре официјално ќе почне на 11 јазици да ги пренесува вестите поврзани со 31. Олимписки игри во Рио, јавува Anadolu Agency (AA).
Претплатниците на АА ќе имаат можност да добијат висококвалитетни видео-снимки, фотографии, инфографика, но и вести за случувањата во Рио, каде што ќе се соберат светски познати спортисти.
Содржините ќе бидат достапни во системот за проток на вести на АА, на интернет-страницата и на социјалните мрежи.
Вестите ќе бидат објавени на босански, албански, македонски, турски, англиски, арапски, персиски, француски, руски и на курдски јазик.
Агенцијата во врска со еден од најголемите спортски случувања оваа година, до сега има напишано вкупно 80 вести, од кои 34 репортажи и десет инфографици.
Со истото темпо, вработените на АА ќе продолжат да работат се до 22 август, односно до крајот на игрите.
Anadolu Agency (AA) на своите верни корисници ќе им понуди различни вести и репортажи како од натпреварите така и од подготовките и тренинзите проследени со фотографии и видеоснимки.
Покрај тоа, АА ќе ги следи и вестите на репрезентациите на земјите од регионот.
Летните олимписки игри 31. по ред, во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 5 до 21 август. Се очекува учество на над 10.500 спортисти од 207 земји. Ќе се одржат 306 натпревари во 41 дисциплина во 28 спорта. Најбројни олимписки тимови би требало да имаат САД, со дури 555 спортисти, потоа домаќинот Бразил со 465, Кина со 413 и Австралија со 410.