Ekip
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) - По натпреварите што се одиграа синоќа, познати се осминафиналистите во второто по важност европско фудбалко клупско натпреварување, УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
По натпреварот Севиља - Лацио, кој се одигра во средата, во кој Севиља успеа да победи со 2 : 0 и избори пласман во осминафиналето, синоќа се одиграа преостанатите 15 реванш-средби од шеснаестинафиналето на УЕФА Лига Европа.
Челзи по победата на гости во првиот натпревар против Малме од 1 : 2, синоќа на домашен терен ги совлада гостите со резултат 3 : 0 и избори пласман во наредното коло.
По победата на гостински терен над Рапид Виена од 0 : 1, Интер на домашен терен извојува победа од 4 : 0 и без проблеми се пласираше во осминафиналето на Лига Европа.
Турскиот претставник Галатасарај, по поразот на домашен терен од 1 : 2, во реванш-средбата против Бенфика одигра нерешено 0 : 0 и испадна од Лига Европа.
По синоќешните реванш-средби, во осминафиналето на УЕФА Лига Европа се пласираа Севиља, Салцбург, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Динамо Загреб, Зенит, Валенсија, Наполи, Арсенал, Славија Прага, Интер, Краснодар, Бенфика, Рен, Челзи и Динамо Киев.
Резултати од синоќешните натпревари:
Арсенал - БАТЕ 3 : 0 (0 : 1)
Динамо Загреб - Викторија П’лзењ 3 : 0 (1 : 2)
Ајнтрахт Франкфурт - Шахтјор Донецк 4 : 1 (2 : 2)
Наполи - Цирих 2 : 0 (3 : 1)
Салцбург - Клуб Бриж 4 : 0 (1 : 2)
Виљареал - Спортинг Лисабон 1 : 1 (1 : 0)
Валенсија - Селтик 1 : 0 (2 : 0)
Зенит - Фенербахче 3 :1 (0:1)
Динамо Киев - Олимпијакос 1 : 0 (2 : 2)
Реал Бетис - Рен 1 : 3 (3 : 3)
Баер Леверкузен - Краснодар 1 : 1 (0 : 0), се пласира Краснодар подари гол во гости
Генк - Славија Прага 1 : 4 (0 : 0)
Интер - Рапид Виена 4 : 0 (1 : 0)
Бенфика - Галатасарај 0 : 0 (2 : 1)
Челзи - Малме 3 : 0 (2 : 1)