Yunus Kaymaz
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во финалето на американската Национална кошаркарска лига (НБА), Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мајами Хит со 124:114 и поведе со 2:0 во серијата до 4 победи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Финалето на НБА се игра на спортскиот комплекс „ЕСПН Вајд ворлд“ во американскиот град Орландо. Првата четвртина од средбата заврши со предност на Лејкерси од 29:23, а добра игра прикажаа и во втората четвртина, добивајќи ја со 39:31, со што ја зголемија предноста на крајот од првото полувреме на 68:54. Третата четвртина ја доби Мајами Хит со резултат 35:39, при што во последниот дел од натпреварот се влезе со резултат 103:93. Последната четвртина заврши нерешено 21:21, а Лејкерси со резултат 124:114 дојдоа до својата втора победа во финалната серија.
На овој натпревар не настапија олстар-ѕвездите на Мајами Хит, Горан Драгиќ и Бам Адебајо, кои се повредија на првиот натпревар и беа принудени да го напуштат теренот.
Најдобар перформанс во редовите на Лејкерси прикажаа олстар-ѕвездите Леброн Џејмс, кој постигна 33 поени, 9 скока и 9 асистенции, и Ентони Дејвис со дабл-дабл од 32 поени, 14 скока и една асистенција.
Ентони Дејвис на двата последователни натпревари во финалето на НБА успеа да ја мине границата од 30 поени, со што по Коби Брајант (финалето во 2010) стана вториот играч на Лејкерс кому му пошло тоа од рака.
Во редовите на Хит најпрецизни беа Батлер со дабл-дабл од 25 поени и 13 асистенции, Кели Олунук со 24 поени и 9 скока и Тајлер Хиро со 17 поени и 7 скока.
Третиот натпревар од финалната серија во НБА е закажан за 5 октомври, со почеток во 1:30 часот по средноевропско време.