Sümeyye Dilara Dinçer
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА
Подигнувањето на статуа на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо во Индија предизвика различни мислења во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), поставувањето на статуата на славниот фудбалер Роналдо на 60-годишнината од независноста на Гоа, која беше поранешна португалска колонија, предизвика критики.
Некои од критичарите наведуваат дека би било посоодветно да се постави статуа на локален фудбалер на местото на Роналдо за да ги инспирира младите.
„Разочаран сум откако слушнав дека статуата на Роналдо е поставена. Научете да се гордеете со нашите сопствени икони, како што се Самир Наик и Бруно Кутињо“, изјави еден од демонстрантите за новинската агенција ИАНС (IANS).
Во весникот „Тајмс оф Индиа“ (Times of India) е забележано дека некои демонстранти подигнале црно знаме за време на отворањето на статуата.
Мајкл Лобо, пратеникот на партијата Баратија Џаната (BJP), на својот профил на Твитер истакна дека статуата е поставена на барање на младите за да ги инспирира.