İhvan Radoykov
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
СОФИЈА (АА) - Претседателот на Бугарската фудбалска федерација (БФФ), Борислав Михајлов, поднесе оставка од својата функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Михајлов, во писменото соопштение за медиумите како причини за неговата оставка ги наведе: „Тензијата во бугарскиот фудбал настаната во последните денови, негативните ставови кон Бугарската фудбалска федерација и скандалите кои ги придружија.“
Оставката на Михајлов ќе биде разгледана на вонредната седница на Бугарската фудбалска федерација (БФФ), која ќе се одржи в петок.
Во осмата недела од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, во рамките на групата А, Англија на гостински терен ја совлада екипата на Бугарија со резултат од 6:0. По натпреварот, бугарскиот премиер Бојко Борисов од претседателот на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов, побара да поднесе оставка.