Yunus Kaymaz
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, Париз Сен Жермен, со погодоците постигнати во време од 3 минути ја совлада Аталанта 2:1 и се пласира во полуфиналето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во првиот четвртфинален натпревар во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа - УЕФА Лигата на шампиони - синоќа во португалскиот град Лисабон се сретнаа францускиот претставник Париз Сен Жермен (ПСЖ) и Аталанта од Италија.
На натпреварот што се играше на стадионот „Луж“ во 26. минута со 1:0 поведе Аталанта благодарение на погодокот што го постигна Марио Пашалиќ.
Во текот на целиот натпревар екипата на ПСЖ правеше притисок на голот на противникот, а сиот труд вроди со плод во последните минути од натпреварот. Во 90. минута од средбата Маркињос му го донесе изедначкиот погодок на ПСЖ 1:1. И кога сите помислуваа дека ќе се играат продолженија, Максим Чупо-Мотинг во 90.+3. минута го постигна победоносниот погодок за резултат од 2:1 и го понесе ПСЖ во полуфиналето на ЛШ.
Од 1995 година досега ПСЖ за првпат се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, во кое ќе се сретне со победникот од средбата меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид.