Şenhan Bolelli
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
МАДРИД
Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид потврди дека фудбалерите Еден Хазард и Карлос Хенрике Касемиро се позитивни на коронавиусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Резултатите од тестовите на Ковид-19 спроведени во петокот наутро, покжаа дека нашите фудбалери Хазард и Касемиро се позитивни. Истиот резултат беше на тестовите кои денес се повторени", наведуваат од Реал Мадрид.
Во согласност со правилата за Ковид-19, Хазард и Касемиро го напуштија тимот и моментално се во карантин дома.
Остатокот од тестовите на фудбалерите од стручниот штаб беа негативни во екипата на Мадрид, и продолжија со подготовките.