Doga Kirmizioglu
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во 10. ден од Светското фудбалско првенство кое се одржува во Русија, се одиграа три натпревари. Во групата Г, Белгија го совлада Тунис со резултат 5 : 2. Победата на Белгија ѝ ја донесоа Еден Азар (2), Ромелу Лукаку (2) и Миши Батшуаји, додека погодоците за Тунис ги постигнаа Дилан Брон и Вахби Хазри.

Со оваа победа, Белгија освои 6 поени и е лидер во групата Г. Лукаку во досегашното натпреварување на СП постигна 4 погодоци, и е во трката за голгетер на Првенството со португалската и светска ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој, исто така постигна 4 погодоци.
- Мексико извојува две победи на два натпревара -
Во групата Ф Мексико успеа да ја совлада Јужна Кореја со резултат 2 : 1. Победата на јужноамериканскиот претставник му ја донесоа Карлос Вела (со удар од 11 метри) и Хавиер Ернандес, додека единствениот погодок за Јужна Кореја го постигна Сон Хеунг Мин.
Мексико постигна две победи на два натпревара и успеа да ја задржи лидерската позиција на табелата. Ернандес го одигра 104. натпревар за мексиканската репрезентација и со својот 50. погодок, продолжува да биде играч на Мексико, кој постигнал најголем број погодоци за репрезентацијата.
- Германија во последен момент до победа -
Во вториот натпревар од групата Ф се сретнаа репрезентациите на Германија и Шведска. Германија извојува победа над Шведска со резултат од 2 : 1 и шансата за пласман во наредното коло од натпреварувањето го продолжи во последниот натпревар од групната фаза, против репрезентацијата на Јужна Кореја. Првото полувреме заврши со резутлат 1 : 0 за Шведска, со погодокот на Ола Тојвонен во 32. минута. На почетокот од второто полувреме, во 48. минута Марко Реус изедначи на 1 : 1, а тотален пресврт на натпреварот и победата на Германија од 2 : 1 ѝ ја донесе Тони Крос со погодокот постигнат во судиското надополнување 90 + 5’. минута.
Ова е прва победа на Германија на СП Русија 2018 и прв пораз на репрезентацијата на Шведска. Во групата Ф, Германија и Шведска се наоѓааат на делбата на втората и третата позиција со по 3 поени, а пласманот во наредната фаза од натпреварувањето ќе биде решен во последниот, трет натпревар.
- Денеска на програмата -
Денеска, во 11. ден од Светското фудбалско првенство ќе се одиграат 3 натпревари во групите Г и Х:
Група Г:
14:00 Англија - Панама (Стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)
Група Х:
17:00 Јапонија - Сенегал (Стадион „Екатеринбург“ - Екатеринбург)
20:00 Полска - Колумбија (Стадион „Казањ Арена“ - Казањ)
