Dejan Maksimoviç
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
ДУБАИ (АА) - Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, вети дека ќе го направи невозможното и ќе ја освои Лигата на шампиони со Јувентус, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот фудбалер изминатото лето премина од Реал Мадрид во Јувентус, чија цел е конечно да стигне до европскиот трон.
Имено, „старата дама“ освои седум последователни титули на шампион на Италија и последните четири Купа, но беше поразена во финалето на Лигата на шампионите во 2015 и 2017 година.
„Се колнам дека ќе го направам невозможното и ќе ја освојам Лигата на шампиони со Јувентус“, рече Роналдо, кој се наоѓа во Дубаи, каде што ќе ја добие наградата на „Globe Soccer Awards“.
И покрај тоа што е на одмор, Роналдо ја потврди својата посветеност кон тренингот со тоа што на социјалните мрежи постави видеоснимки на кои се гледа како во ноќните часови трча низ пустината.
Јувентус последната од двете титули на шампион на Европа ја освои во сезоната 1995/96.