Şenhan Bolelli
03 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
МАДРИД (АА) - Претседателот на спортскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјави: „Ние сме најголема легенда во фудбалот. Како што изјави шпанскиот крал Фелипе VI, во светот го промовираме имиџот на Шпанија“, јавува Anadolu Agency (AA).
На стадионот „Сантјаго Бернабеу“, се одржа промоција на книгата „Најдобар во светот: Реал Мадрид“, во која се говори за освојувањето на значајни трофеи на овој клуб на фудбалскиот и кошаркарскиот терен.

„Реал Мадрид, тоа е 116-годишен сон, чувство кое ги надмина сите граници. Книгата што ја промовираме го раскажува нашето создавање и како ние го доживуваме животот. Ние сме најголема фудбалска легенда. Како што изјави шпанскиот крал Фелипе VI, во светот го промовираме имиџот на Шпанија“, изјави претседателот на клубот, Флорентино Перез, за време на промоцијата на книгата.
Перез, додавајќи дека клубот во својата историја ги има освоено најголемите европски трофеи, 13 во фудбал и 10 во кошарка, истакна: „Од Абу Даби се вративме по третпат, освојувајќи го трофејот на ФИФА Светскиот клупски куп, и посакуваме уште повеќе. Нашата судбина ќе ја одредат големите напори што ги вложуваме за победа и надминување на самите себеси. Секоја наша легенда ги претставува вредностите на овој клуб, кој е најсакан во светот и клуб на кој најмногу му се восхитуваат.“