Hilmi Sever
14 Јуни 2018•Ажурирај: 15 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Домашната репрезентација на Русија на отворањето на Светското првенство во фудбал на московскиот стадион „Лужники" со капацитет од 81.000 гледачи во рамките на груата А ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со резултат 5:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Домашната селекција веќе во 12. минута водеше со голот на Јурги Газински кој погоди со одлична асистенција на Александар Головин.
Русија ја зголеми предноста на 2:0 во 43. минута преку Денис Черишев, што беше и резултат на првиот дел од играта во која домаќинот имаше многу повеќе шанси.
Репрезентацијата на Русија водена со одлична атмосфера од трибините, продолжи со постигнување голови. На 3:0 во 71.минута зголеми Артем Џиуба.
Русите во првата минута од судиското продолжение резултатот го зголемија на 4:0 со погодок на Черишев, а само четири минути подоцна дојдоа и до петиот круг преку Головин, што беше и конечен резилтат од мечот.
Правдата во овој натпревар ја делеше аргентинскиот судијски тим со Нестор Питана на чело.
Со свечена церемонија на стадионот во Москва, „Лужники", денес беше отворено Светското првенство во фудбал на кое за титула на првак на светот ќе се борат вкупно 32 репрезентации.
За време на Светското првенство ќе се одиграт вкупно 64 натпревари, а финалниот натрпевар е на распоред на 15 јули и ќе се игра исто така во Москва.