Ercan Doğan
14 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија во групата „А“ започна Светското првенство на кое за титула првак на светот ќе се борат вкупно 32 репрезентации, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на Светското првенство ќе се одиграат вкупно 64 натпревари, а финалниот меч на распоредот е за 15 јули и ќе се игра во Москва.
Anadolu Agency (AA), која подготви голем број на специјали, репортажи и интервјуа пред самиот почеток на првенството, на претплатниците ќе продолжи да им сервисира вести за време на траењето на Мундијалот.
Репортерите на АА на јавноста ќе и пружаат детални информации за сите случувања во врска со Светското првенство како и за сите 64 натпревари.
Во новинарската екипа на Anadolu Agency, која го следи Светското првенство во Русија, се наоѓаат вкупно шест лица, вклучувајќи ја екипата од претставништвата на АА во Москва.
Фоторепортерите на АА, акредитирани за следење на околу 70 отсто од натпреварите од групната фаза на натпреварот, мечевите ќе ги следи од место на настанот.
По групната фаза, репортерите и фоторепортерите на АА ќе ги следат сите натпревари на Мундијалот.
Репортерите на АА ќе продолжат да подготвуваат специјали за важни теми и за време на самото одржување на Светското првенство, додека секој ден ќе биде подготвуван и графички приказ на натпреварите.
Вестите на АА за Светското првенство ќе бидат објавувани на 13 јазици, турски, англиски, македонски, албански, арапски, БХС (босански, хрватски, српски), француски, шпански, руски, индонезиски и курдски.
Вестите за фудбалските ѕвезди како што се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мухамед Салах на социјалните мрежи ќе бидат објавувани со посебни „хаштагови“.
Исто така на официјалната страна на АА креирана е и посебна категорија под називот Русија 2018, додека сите вести во врска со Мундијалот ќе бидат достапни преку еден линк.