Hüseyin Burak Demirer
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во 19. трка од Светското првенство во Формула 1, Големата награда на Бразил, победник е пилотот од тимот на Ферати, германецот Себастијан Фетел, јавува Anadolu Agency (AA).

Патеката во бразилскиот град Сао Паоло е долга 4.309 метри, а победник е пилотот кој најбргу ќе извози 71 круг.
Себастијан Фетел трката во Бразил ја започна од втората полпозиција и уште на стартот го презема лидерството од Валтери Ботас кој стартуваше од полпозиијата. Во 28. круг од трката, по влезот во пит стопот, Фетел успеа да ја задржи предноста пред Ботас и со време од 1 час 31 минута, 26 секунди и 262 илјадити делови од секундата ја освои својата 5. победа сезонава, 47. во кариерата.

Втората позиција ја освои Ботас со заостанување од 2,7 секунди. Третопласиран е клубскиот колега на Фетел, Кими Раионен со заостанување од 4,6 секунди.
Хамилтон кој доживеа несреќа и не ги заврши квалификациите за полпозиција, стартуваше од последната позиција. И покрај се, Хамилтон кој ја загарантира својата титула во овогодинешното првенство во Формула 1, на крајот трката ја заврши како 4. пласиран.
Последна трка оваа сезона, Големата награда на Абу Даби која е 20-та по ред, ќе се одржи на 26 ноември.