Abdulkadir Karakaya
09 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Во натпреварите од квалификациите за учество на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2020), 8 репрезентации се пласираа во финалето на плејоф-фазата од ова натпреварување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Започнаа плејоф-натпреварите по кои ќе бидат познати последните четири репрезентации кои ќе се пласираат на ЕВРО 2020, одложено за 2021 година поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Во полуфиналните натпревари од плејофот кои се играат по пат на елиминација во еден натпревар победници се репрезентациите на Северна Македонија, Грузија, Унгарија, Исланд, Србија, Шкотска, Северна Ирска и Словачка, пласирајќи се во финалето.
За 12 ноември се закажани финалните плејоф-натпревари на кои се среќаваат Грузија - Северна Македонија, Унгарија - Исланд, Србија - Шкотска и Северна Ирска - Словачка, по кои победниците ќе изборат пласман за учество на ЕВРО 2020.
Резултати од полуфиналните средби на плејофот за пласман на ЕВРО 2020:
Северна Македонија - Косово 2:1
Грузија - Белорусија 1:0
Норвешка - Србија 1:2 (по две продолженија од по 15 минути)
Шкотска - Израел 0:0 (на пенали 5:3)
Словачка - Република Ирска 0:0 (на пенали 4:2)
Босна и Херцеговина - Северна Ирска 1:1 (на пенали 3:4)
Бугарија - Унгарија 1:3
Исланд - Романија 2:1