Hassan İsilow
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Поранешниот фудбалер на Јужноафриканската Република, Марк Батчелор, синоќа беше смртно застрелан во неговиот автомобил во близина на неговиот дом во Јоханесбург, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Кол Лунгело Дламини, потврди дека двајца мажи на мотоцикл го застрелале Батчелор во неговиот автомобил. Тој изјави дека поранешниот фудбалер бил застрелан со неколку куршуми.
Дламини рече дека во моментот на неговата смрт, поранешниот напаѓач на Орландо Пајретс и Кајзер Чифс патувал со својот градинар.
Полицијата соошти дека е подигната истрага за да се утврдат причините за убиството.
Стапката на убиства во Јужна Африка е една меѓу највисоките во светот. Во таа земја дневно се забележани над 50 убиства.