Bedrudin Brlyavac
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
КАЗАЊ (АА) - Фудбалската репрезентација на Шпанија во вториот круг од групата Б на Светското првенство во Казањ Арената во рускиот град Казањ ја совлада селекцијата на Иран со резултат од 1:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанија во првото полувреме имаше солидни шанси, но на одморот сè уште беше 0:0.

Шпанците успеаја да дојдат во водство со постигнатиот гол на Диего Коста во 54. минута, кој со малку среќа успеа да го погоди голот на Иран.
Во продолжение, двете селекции имаа неколку шанси, а на Иран му беше поништен голот поради офсајд.
Сепак, Шпанија успеа да ја зачува минималната предност и да ја запише првата победа на овој Мундијал.

Во истата група, Португалија ја оправда улогата на фаворит со победата врз екипата на Мароко со резултат 1:0.
По завршувањето на вториот круг, Португалија е прва со четири поени, колку што има и Шпанија, Иран е трет со три поени, додека Мароко нема поени.
Во третото коло, Португалија игра против Иран, додека во вториот меч се среќаваат Шпанија и Мароко.