Hüseyin Burak Demirer
11 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
АНКАРА
Новак Ѓоковиќ, првиот носител и Данил Медведев, вториот носител ќе играат во финалето на УС Опен - Отворено тениско првенство на САД, известува Агенција Анадолија (АА).
Одиграни се и последните полуфиналиња во машка поединечна конкуренција на последниот грен слем турнир сезонава што се одржува во Њујорк.
Данил Медведев, финалистот на УС Опен од 2019 година, со 3:0 во сетови (6:4, 7:5 и 6:2) го совлада Феликс Оже-Алиасим (12. носител на турнирот) кому ова му беше прво полуфинале на големите турнири во кариерата.
Во вториот полуфинален дуел, Новак Ѓоковиќ, трократниот победник на УС Опен, се сретна со минатогодишниот финалист Александар Зверев (4 носител на турнирот).
Ѓоковиќ се пласираше во финалето по победата од 3:2 (4:6, 6:2, 6:4, 4:6, 6:2) над Зверев, освојувачот на златниот медал на Олимписките игри Токио 2020 што се одржаа годинава поради минатогодишното одложување предизвикано од пандемијата со новиот тип на коронавирус (Ковид-19).
Финалето на УС Опен е 31. грен слем финале за Србинот Ѓоковиќ, а трето за Русинот Медведев. Натпреварот се игра в недела, 12 септември, со почеток во 22.00 часот по средноевропско време.
Со евентуална победа на УС Опен и освојување на 21-вата гренд-слем титула, Ѓоковиќ би бил „тенисер со најголем број освоени грен слем титули“ и би станал 3-тиот тенисер кој во иста натпреварувачка година ги освоил титулите на сите четири големи тениски турнири во светот.
- Денес се игра женското финале на УС Опен
Денес со почеток во 22:00 часот се игра женското финале на УС Опен во кое се среќаваат Британската тенисерка, 18-годишната Ема Радукану и 19-годишната Канаѓанка Лејла Фернандез.
Во полуфиналето Радукану со 2:0 во сетови (6:1, 6:4) ја совлада Гркинката Марија Сакари, додека Фернандез беше поуспешна од Белорусинката Арина Сабаленка, победувајќи ја со резултат 2:1 во сетови (7:6 (7:3 во тај-брејк), 4:6, 6:4).