Emre Aşıkçı
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски сојуз денеска потврди дека го раскинала договорот со менаџерот на националниот тим, Шенол Ѓунеш, поради лошите резултати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓунеш, чиј договор заврши со заемна согласност, беше на удар и на спортските претставници и навивачите, откако Турција претрпе огромен пораз од 6:1 од Холандија во вторникот, во квалификацискиот натпревар за СП 2022 година.
По историскиот пораз, Турција се најде на третото место во групата со 11 бода.
Тоа беше поразителен пораз, но не и најтежок за турскиот тим, бидејќи Англија ја совлада Турција двапати со 8:0, во 1984 и 1987 година.
Федерацијата му се заблагодари на 69-годишниот Ѓунеш и му посака успех во идните потфати.