Erkan Tiryaki
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Тренерот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче Ајкут Кочаман во пресрет на возвратниот меч од плеј-офот за Европската лига против македонскиот клуб Вардар во Истанбул истакна дека очекува победа на својата екипа и пласман во групна фаза, јавува Anadolu Agency (AA).
Вардар во првиот меч во Скопје славеше со 2:0 против турскиот тим Фенербахче.
„Во првиот меч забележавме лош резултат кој не го очекувавме. Ја контролиравме играта но ни се слуши она што никако не го посакувавме. Ќе направиме се да исправиме некои грешки", рече Кочаман на прес конференцијата за медиуми.
Потсети дека неговиот тим мора да ја надокнади негативата од 2:0.
„Важно е да постигнеме голови, но и да не примиме. Кога ќе постигнеме гол, веќе тогаш сме блиску до наредната фаза. Сепак, првиот чекор е да не примиме гол", рече стратегот на турскиот тим.
Стоперот на Фенербахче Мартин Шкртел е уверен дека неговиот тим ќе избори пласман во групната фаза на Европската лига.
„Веруваме во нашето знаење и можностите. Веруваме дека можеме да оствариме резултат кој ќе не однесе напред. Со тоа мислење излегуваме на терен. Сепак, сигурно натпреварот нема да биде лесен", рече словачкиот стопер.