Hilmi Sever
17 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Со изградените модерни стадиони низ цела Турција, која е земја-кандидат за организирање на Европското фудбалско првенство во 2024 година (ЕУРО 2024), таа сега е посилен и поподготвен кандидат во однос на своите претходни кандидатури, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција се кандидираше како домаќин за Европските фудбалски првенства во 2008, 2012, 2016 година. Во 2020 година се откажа од својата кандидатура поради донесената одлука натпреварите да се одиграат во друга земја.

Турција своите кандидатури за домаќин на претходните 4 шампионати ги поднесе давајќи ветувања за изградба на стадионите, но не доби шанса да биде домаќин. Турција овој пат, со модерните стадиони кои се пуштени во употреба, е подготвена да биде домаќин на Европското фудбалско првенство во 2024 година.
- Само еден стадион беше подготвен за време на кандидатурата за ЕУРО 2016
Во документите при кандидатурата за домаќин за Европското фудбалско првенство во 2016 година, кои во 2010 година биле поднесени до УЕФА, беше соопштено дека натпреварите ќе се одиграат на 9 стадиони кои се наоѓаат во 8 градови.
Од посочените девет стадиони, само еден (Кајсери Кадир Хас) бил комплетиран, додека изградбата на „Турк Телеком Арена“ била во тек. Во тој период, стадионите во Измир, Коња, Анталија, Бурса, Ескишехир и во Анкара биле во проектна фаза.
Седум од деветте стадиони кои беа претставени во 2010 година, се пуштени во употреба, додека стадионите во Измир и во Анкара се во проектна фаза.
- За 3 години се изградени 30 стадиони
Благодарение на проектите на раководството при Министерството за млади и спорт, во изминатите 3 години се завршени или се работи на изградбата на 30 стадиони.
Единаесет нови модерни стадиони се отворени во овој период. Оваа година се очекува да се отворат 9 други стадиони. Уште 10 стадиони се во процес на градење и во проектна фаза.
- Стадиони со капацитет над 25.000 гледачи
Освен 30-те проекти за стадиони во последните неколку години, Турција има изградено важни стадиони како што се стадионите „Кајсери Кадир Хас“, „Турк Телеком Арена“ и стадионот „Улкер“.
Турција има 14 модерни стадиони со капацитет над 25.000 гледачи. Со отворањето на новите 8 стадиони во овој период, овој број ќе се искачи на 22 стадиона. Уште 7 стадиони се во проектна фаза.