Fatih Erel
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Четвртата по ред светска тенисерка, Наоми Осака, ја победи денес Украинката Елина Свитолина и продолжува понатаму во полуфиналето на Австралијан Опен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во категоријата сингл, жени, во Мелбурн, 21-годишната Јапонка Наоми Осака ја победи Украинката Свитолина, која се наоѓа на шестото место на светската ранг-листа, со 6:4 и 6:1 по сетови.
Осака во полуфиналето ќе се соочи со Чехинката Каролина Плискова.