Admir Fazlagic
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација забележа поместување за дури 33 места во однос на минатомесечното рангирање на ранг-листата на ФИФА, со што од 166. дојде на 133. место, со 225 поени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Победите над Лихтенштајн и Белорусија придонесоа репрезентацијата на Македонија да напредува за 33 места, што е најмногу за една селекција во овој месец.
Во регионот на Западен Балкан, најдобро рангирана репрезентација е Хрватска, и покрај падот од две позиции.
Србија оствари поместување за три места, со што сега се наоѓа на 49. место. Од другите репрезентации во регионот, Словенија се наоѓа на 55. место, Црна Гора на 62., а репрезентацијата на Косово го зазема 170. место на најновната ранг-листа на ФИФА.
Ранг-листата за април донесе промена и на врвот. Бразил по седум години повторно се најде на првото место од ранг-листата на ФИФА и го симна од тронот својот ривал, Аргентина. Меѓу десетте најдобри репрезентации во светот се наоѓаат уште Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Португалија, Швајцарија и Шпанија.