Yunus Kaymaz
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Светскиот шампионат во Формула 1 вечерва продолжува со својата 19. трка, „Големата награда на Мексико“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Мексико Сити, главниот град на Мексико, вечерва ќе се вози 19. трка сезонава од Светскиот шампионат во Формула 1. На патеката „Ерманос Родригес“, долга 4.304 метри, ќе се возат 71 круг, а од пол-позиција ќе стартува Австралијанецот Даниел Рикардо.
Возачот на Ред Бул, Рикардо, го извози најбрзиот круг со време од 1 минута, 14 секунди и 759 илјадити делови од секундата.
Неговиот клупски колега, Холанѓанецот Макс Ферштапен, се пласираше на втората позиција со време од 1 минута, 14 секунди и 785 илјадити делови од секундата, додека Британецот Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес, ја зазеде третата стартна позиција со време од 1 минута, 14 секунди и 894 илјадити делови од секундата.
Трката за „Големата награда на Мексико“ започнува вечерва со почеток во 20:10 часот.