Selçuk Buğra Gökalp
20 Септември 2024•Ажурирај: 21 Септември 2024
АНКАРА (АА) – Осумнаесетата трка од овогодинешното Светско првенство во Формула 1 ќе се одржи во недела во Сингапур, јавува Анадолу.
За Големата награда на Сингапур ќе се вози 62 круга долж 4,94 километри долгата патека Марина Беј Стрит.
Во трките оваа сезона, актуелниот светски шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, седумпати се искачи на највисокото место на подиумот.
Луис Хамилтон од Мерцедес, Чарлс Леклер од Ферари, Ландо Норис од Мекларен и Оскар Пјастри победија по два пати, додека Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Саинц од Ферари забележаа по една победа.
Првите пет места кај возачите и конструкторите се следни:
- Возачи:
1. Макс Верстапен (Холандија): 313
2. Ландо Норис (Велика Британија): 254
3. Шарл Леклер (Монако): 235
4. Оскар Пјастри (Австралија): 222
5. Карлос Саинц (Шпанија): 184
- Конструктори:
1. Мекларен: 476
2. Ред Бул: 456
3. Ферари: 425
4. Мерцедес: 309
5. Астон Мартин: 82