спорт

Ландо Норис славеше на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1

- Второто место му припадна на Макс Верстапен од тимот на РБ Рејсинг, а како трет на подиумот се искачи Оскар Пјастри, вториот возач на Мекларен.

Dejan Maksimovic  | 22.09.2024 - Обновена : 27.09.2024
Ландо Норис славеше на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1

СИНГАПУР (АА) – Британецот Ландо Норис со болидот на Мекларен славеше на денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Сингапур, известува Анадолу.

Норис извозе одлична трка и по стартот од пол-позицијата доминантно стигна до голем триумф, со дури 21 секунда пред Макс Верстапен од тимот на РБ Рејсинг.

Третото место го освои тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, со што ја зголеми предноста на Мекларен во генералниот поредокот меѓу конструкторите.


Првите петмина возачи во Формула 1 по трката за Големата награда на Сингапур:

  1. Верстапен (РБ Рејсинг) 331 поен,
  2. Норис (Мекларен) 279,
  3. Шарл Леклер 245 (Ферари),
  4. Пјастри (Мекларен) 237,
  5. Карлос Саинц (Ферари) 190


Поредот на првите пет тимови меѓу конструкторите по трката во Сингапур:

  1. Мекларен 516 поени,
  2. РБ Рејсинг 475,
  3. Ферари 441,
  4. Мерцедес 329,
  5. Астон Мартин 86
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın