Mutlu Demirtaştan
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
ТОКИО (АА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката која се возеше утринава за Големата награда на Јапонија, што му е четвртата последователна победа во шампионатот на Формула 1, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеката Сузука возена е 17. трка на сезоната од Формула 1, а победа славеше Британецот Хамилтон, кој стартуваше од најдобрата позиција.
Тоа на Хамилтон му е четврта последователна, а вкупно деветта победа во оваа сезона.
Второто место го освои вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, а на победничкиот пиедестал трет е Макс Ферштапен од тимот на Ред бул-ТАГ Хојер.
На листата возачи Хамилтон води со 331 бод и 67 бода предност во однос на најбрзиот зад него, пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, кој на денешната трка беше шести.
Следната трка се вози за Големата награда на Соединетите Американски Држави (САД), а на програмата е на 21 октомври.