Mutlu Demirtaştan
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во светскиот шамипонат во Формула 1 денес се возеше 14. трка, Големата награда на Сингапур. Победник во оваа трка стана Британецот Луис Хамилтон кој со болидот на Мерцедес мина прв низ целта во Сингапур, јавува Anadolu Agency (AA).
Патеката во Сингапур е долга 5.065 метри, а возачите на Формула 1 на патеката Марина беј стрит извозеа 61 круг.
Британецот Хамилтон трката за заврши со време 2 часа, 3 минути, 23 секунди и 544 илјадити делови од секундата, со што ја постигна својата седма победа сезонава, а 60. во кариерата.
Второпласиран беше Австралијанецот Даниел Рикардо, возачот на „Red Bull-TAG Heuer“, додека треропласиран е Валтери Ботас од тимот на Мерцедес.
Со оваа победа Хамилтон има вкупно 263 поени и остана на врвот на листата на возачи во Формула 1. Зад него со 28 поени помалку следи Себастијан Фетел, додека со 212 поени, третопласиран е Валтери Ботас.
Следната, 15. трка во Формула 1 ќе се вози на 1 октомври за Големата награда на Малезија.
- Првите шест на трката во Сингапур -
1. Луис Хамилтон (Mercedes)
2. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer)
3. Валтери Ботас (Mercedes)
4. Карлос Саинс (Toro Rosso)
5. Серхио Перез (Force India-Mercedes)
6. Џолион Палмер (Renault)
- Генерален пласман на возачи -
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) - 263 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) - 235
3. Валтери Ботас (Finlandiya) - 212
4. Даниел Рикардо (Австралија) - 162
5. Кими Раиконен (Финска) - 138
- Генерален ласман на тимови -
1. Mercedes - 475 поени
2. Ferrari - 373
3. Red Bull - 230
4. Force India - 124
5. Williams - 59