Yunus Kaymaz
23 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
СТАДИОН: „Ел Јануб“
СУДИИ: Виктор Гомез (Јужноафриканска Република), Закхеле Сивела (Јужноафриканска Република), Соуру Фацоане (Лесото)
ФРАНЦИЈА: Лорис, Павар (од 89, Кунде), Конате, Упамекано, Хернандез, Чуамени (од 77. Фофана), Рабио, Мбапе, Дембеле ( од 77. Коман), Гризман, Жиру (од 89. Турам)
АВСТРАЛИЈА: Рајан, Еткинсон (од 85. Дегенк), Сутер, Роулс, Бехиќ, Леки, Муј, Гудвин (од 74. Куел), МекГри (од 74. Мабил), Ирвин (од 80. Бакус), Дјук (од 56. Камингс)
ПОГОДОЦИ: Гудвин во 9. минута (Австралија), Рабио во 27. минута, Жиру во 32. и 71. минута, Мбапе во 68. минута (Франција)
ЖОЛТИ КАРТОНИ: Дјук во 55. минута, Ирвин во 80. минута, Муј во 90.+5. минута (Австралија)
ДОХА (АА)
Вчера се одиграа четири натпревари од групната фаза на Светското фудбалско првенство Катар 2022. Последниот натпревар беше меѓу репрезентациите на актуелниот светски шампион Франција и селекцијата на Австралија, известува Агенција Анадолија (АА).
Репрезентацијата на Франција во рамките на групата Д го одигра привот меч на СП Катар 2022 против Австралија. По изненадувањето што Саудиска Арабија го приреди со победата над Аргентина од 2:1, селекцијата на Австралија посака и таа на љубителите на фудбалот да им приреди нешто слично.
На Стадионот „Ел Јануб“, кој е дело на светски познатата Заха Хадид, архитектка од Британија, двете репрезентации уште од самиот почеток прикажаа одлична игра. Многу не се чекаше на гол. Репрезентацијата на Австралија приреди изненадување и веќе во 9. минута поведе со 0:1 преку Гудвин.
На списокот на повредени фудбалери во репрезентацијата на Франција се наоѓаат Н'Голо Канте, Пол Погба, Преснел Кимпембе и Кристофер Нкунку и Карим Бензема. На лицето на тренерот Дидие Дешамп се покажа горчлива насмевка кога во 13. минута се повреди и Лукас Ернандез и мораше да го напушти теренот. На негово место влезе Тео Ернандез.
Франција бргу се прибра по рано примениот гол и веќе во 27. минута изедначи на 1:1 со голот на Рабио.
Пет минути подоцна Жиру постигна гол за водство на Франција од 2:1. Со овој погодок Жиру (36) стана најстариот играч на Франција кој постигнал гол на Светско првенство, а во исто време ова беше негов 50. гол за француската репрезентација.
Во 68. минута од натпреварот Килијан Мбапе постигна гол за водство на Франција од 3:1, а Жиру со својот втор погодок на овој натпревар во 71. минута ги постави конечните 4:1 за Франција.
Жиру кој со вториот гол дојде до бројката од 51 погодок за француската репрезентација, сега го дели рекордот на Тиери Анри на фудбалери кои постигнале најмногу погодоци во дресот на Франција.
Првото изненадување на Светското првенство Катар 2022 вчера во групата Ц го приреди репрезентацијата на Саудиска Арабија која ја совлада Аргентина со резултат 1:2.
Иако Аргентина во 10. минута поведе со голот на Меси од пенал со 1:0, во второто полувреме Саудиска Арабија успеа да биде поефикасна. Салех аш Шехри постигна гол за изедначување на резултатот во 48. минута, а конечните 1:2 и победата на Саудиска Арабија над Аргентина ги постави Наваф ал Акиди во 53. минута.
Во групата Д Данска и Тунис одиграа без победник, 0:0. Во вториот натпревар од истата група се сретнаа Мексико и Полска. И оваа средба заврши без победник, а полскиот интернационалец и ѕвезда на Барселона, Роберт Левандосвки, во 58. минута не успеа да го реализира ударот од белата точка.
Денеска на програмата се четири натпревари. Се среќаваат:
11:00 Мароко - Хрватска
14:00 Германија - Јапонија
17:00 Шпанија - Костарика
20:00 Белгија - Канада