Yunus Kaymaz
18 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Фудбалерот на Арсенал, од Гана, Томас Партеј, премина во ислам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На социјалните мрежи беа споделени фотографии направени во центарот каде што 28-годишниот фудбалер кој игра во Арсенал, премина во ислам.
Играчот од средниот ред, кој во Арсенал дојде од шпанската екипа Атлетико Мадрид пред две години, оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна два гола.
Партеј со својот настап во последниот период беше прогласен и за најдобар фудбалер на Арсенал за месец февруари.