Yunus Kaymaz
20 Јуни 2023•Ажурирај: 22 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Челзи го потврди трансферот на францускиот напаѓач Кристофер Нкунку, пренесува Анадолу.
Според соопштението на клубот, со 25-годишниот фудбалер, кој го носи дресот на германскиот клуб Лајпциг, е потпишан 6-годишен договор.
Нкунку нагласи дека е среќен поради трансферот во Челзи.
„Со нетрпение очекувам да се запознаам со мојот нов тренер и со колегите од клубот, и на навивачите на Челзи да им покажам што можам да направам на терен“, рече Нкунку.
Францускиот фудбалер ја започна својата кариера во Париз Сен-Жермен, со чиј дрес освои три шампионати во лигата.
Тој со дресот на Лајпциг два пати го освои Германскиот куп.
Нкунку беше избран за фудбалер на годината во сезоната 2021-2022 во Бундеслигата.