Elvir Hociç
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
МАДРИД (АА) - Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Јулен Лопетеги, доби отказ еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучи да го смени Лопетеги, но ова е само една од бројните изненадувачки смени на тренерските позиции во шпанскиот фудбал.
Лопетеги вчера официјално стана нов шеф на професионалниот тим на Реал Мадрид, кој пред 12 дена одненадеж го напушти Зинедин Зидан.
Одлуката на Лопетеги два дена пред почетокот на Светското првенство да потпишува нови деловни ангажмани не му се допадна на раководството на шпанскиот Сојуз кое денес одлучи да ја прекине соработката со него.
Пред само еден месец, Лопетеги со Сојузот го продолжи договорот на уште четири години.
Во изминатите две години Шпанија со Лопетеги на клупата не изгуби ниту еден натпревар, а оствари 14 победи и 6 реми-натпревари.
Иако на СП отпатува како еден од фаворитите, „црвената фурија“ не знае кој ќе ги води играчите од клупата. Шпанските медиуми јавуваат дека во најтесниот избор се наоѓаат Фернандо Хиро и Алберт Челадес.