Barış Gündoğan
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Начелникот на Генералштабот на ирачката војска Осман Ал Ганими, допатува во Турција каде се состана со турскиот колега, Хулуси Акар при што е потврдена решителноста на заедничката борба против терористичките организации, првенствено против ДЕАШ и ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Разговараа и за нелегитимниот референдум за независноста кој за 25. септември еднострано го најави Курдската регионална управа на северот на Ирак.
Начелниците на генералштабовите на Турција и Ирак во текот на денот разговараа и за настаните кои ја загрозуваат сигурноста и безбедноста на регионот. Уште еднаш е потврдена важноста за зачувување на територијалниот интегритет и политичкото единство.
Курдската регионална управа на северот на Ирак еднострано најави спроведување на референдум за независност на тој регион за 25 септември. Парламентот, Владата и Уставниот суд на Ирак забранија одржување на тој референдум, а против е и меѓународната заедница.
Владата на Република Турција вчера на раководството на Големото народно собрание на Република Турција му ја достави одлуката за продолжување на овластувањата дека и во наредните 12 месеци може да изведува воени операции во соседна Сирија и Ирак.
Во владината одлука се наведува дека Турција придава голема важност во зачувување на целовитоста и стабилноста на Ирак и Сирија и се наведува дека присуството на терористите на ПКК и ДЕАШ, како и етничкиот сепаратизам во таа земја претставуваат директна закана на регионалниот мир и безбедноста на Турција.