Sarp Özer
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, соопшти дека во акциите организирани во последните два месеца во Турција, како и во прекуграничните акции се неутрализирани околу 450 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар зборуваше на воената вежба во Полатлија, Анкара, и притоа истакна дека се поминува низ период на промени и новитети, како од аспект на економијата и технологијата, така и од аспект на технологијата и одбраната.
„Оваа ситуација го донесува и проблемот на глобална и регионална безбедност и стабилност. На вакво подрачје полно со неизвесност, ризици и закана, со војска подготвена, ефикасна и ценета да одговори во секој момент, можно е да се обезбеди безбедност на нашата земја и народот“, смета Акар.
Тој потсети на посветеноста на турските војници да се борат против сите видови закани кон Турција и нејзиниот народ, меѓу кои и терористичките организации ФЕТО, ДЕАШ и ПКК.
Се осврна и на борбата против тероризмот која турските сили успешно ја водат и изјави дека меѓу неутрализираните терористи се наоѓаат и водачи.
„Во операциите организирани во последните два месеца во земјата, како и преку границата, се неутрализирани околу 450 терористи, вклучувајќи ги и нивните водачи“, изјави Акар.
Тој смета дека тоа што се неутрализирани голем број терористи и нивни водачи, особено оние што се наоѓаат на црвената листа, им задало тешки удари на терористите.
Додаде и дека борбата против тероризмот ќе биде продолжена и дека сите терористи ќе бидат неутрализирани, без оглед на тоа каде се наоѓаат.
Тој се осврна и на регионалните прашања, истакнувајќи дека Турција сака добри односи со соседите.
„Секој би требало да знае дека ниту еден проект во Егејското и Средоземното Море, во кој не се вклучени Турција и Турската Република Северен Кипар, не може да заживее и сите би требало да ги избегнуваат провокациите кои регионот ќе го доведат во опасност“, изјави Акар.
Тој зборуваше и за активностите во Мунбич и Идлиб, Сирија, истакнувајќи дека тие ќе бидат одлучно продолжени.